Шпанките ја одбранија титулата на ЕП

Од:

Шпанија ја одбрани титулата по победата во финалето на ЕП 2019 над Франција со 86:66. Шпанките, кои завчера драматично се бореа со домаќинот Србија, не наидоа на отпор во решавачкиот меч за златните медали. Тие водеа од самиот почеток и никогаш ни за момент не оставија сомнеж за нивната супериорност, станувајќи првиот тим што ја освоил титулата во две последователни првенства.

Марта Шаргаи беше најуспешна за шампионите со 23 поени. Силвија Домингез постигна 13 поени, а Лаија Палау додаде 12. Центарот на Лаура Хил допринесе за 9 поени и 10 скокови.

Француските репрезентативки одиграа многу добри натпревари во српскиот главен град, но беа беспомошни во финалето. Ѕвездата на тимот, Сандрин Груда постигна 18 поени, а Брија Хартли нанижа 17, но и двете не добија доволно поддршка од своите соиграчки.

Титулата е четврта за Шпанија од ЕП. Претходните три златни медали беа освоени во 1993, 2013 и 2017 година.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска