(ВИДЕО) Engage: Како преку интернетот да се менува општеството

Од:

[staff name=”Темјана Поповска” position=”Автор”][/staff]На конференција за друштвени медиуми и активизам ENGAGE, организирана од МОФ и Радио МОФ, поддржана од ФООМ се бараа одговори како да се подобри општеството преку онлајн и офлајн активизам, можноста за граѓанска мобилизација преку интернетнет, слободата на изразување и уривање на сите препреки за таа да се спречи.

На собирот на домашни и странски активисти, блогери, искусни познавачи на друштвените медиуми, се презентираа сопствените искуства, од активностите на АМАН, до мобилизација преку интернет за протести против полицикската бруталност. Еден од учесниците беше и креаторот на ликот „Покојна Милева“.

Миша Поповиќ, претставник на Здружението Слободен софтвер Македонија говореше за слободата на говор на интернет просторот.

Борбата за слобода на говор е важна. На 9 октомври 2012. година се случи интернет затменување, многу сајтови ја затемнија содржина во протест против предлог законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда. Член 11 од прелог законот предвидуваше одговорност на провајдерот на услуги и одгворноста паѓаше на серверот на провајдерот. Ако имаше таква одгворност во други земји тогаш ни Јутјуб, ни Фејсбук немаше да поотои, рече тој.

Тие што ги нудат услугите за интернет не сносат одгворност за тоа што корисниците, блогерите ќе објават. Кај нас оној што го има сервисот сакаат да сносат одговорност за тоа што некој ќе објави. Последиците ќе бидат самоцензура, зашто големите казни во предлог законот ќе натераше многу луѓе да размилсела да објават нешто.

Втората работа е дека со членот 11 се предвиде приватизација на правниот процес-оној што ќе се почувствува навреден има право до сервис провајдерот да достави барање за тргање на таа содржина, тоа значи не судот, туку оној што го нуди сервисот ќе одлучува што е навреда.

Затемнувањето беше со јава скрипт код кој при секое вчитување ќе ја затмени содржината за да укаже на читателите дека тука нешто се случува. Ние се одллучивме дека одгворноста е на тие што го претставуваат народот во законодавниот дом, им укажавме дека не треба да гласаат за предлог законот. Без разлика на партиксата припадност, законот во прво читање помина многу лесно и објаснувањето беше дека законот е со европско знаменце. Носиме европски знамиња како што увезуваме млеко, а потоа е многу доцна, без никакво размислување помина законот, што кажува за критичната свест кај парламентарците во Македонија.

Законот малку се измени, одговорноста се насочи кон уредниците, меѓутоа не значи дека како уредници нема да бидат сметани блогери или некои други. Остана тоа секој да може да побара нешто да биде тргнато без судски процес. Епилогот е овој-очигледно профункционира законот со едно извинување кое мултиплицираше со акција и серија извинувања, рече Поповиќ.

Елена Игњатова од сервисот Вистиномер кој споредува кој од политичарите ветил, а не исполнил и кој од политичарите ја зборува вистината презентираше како се следи нивната работа.

Вистиномер постои и во Макеоднија, Србија и Босна и се следи работата на политичарите од сите земји на Балканот. Се издвојуваат сите ветувања на политичарите, и редовно се ажурира кога ќе се појави некоја вест за таа информација.

Се води статистика за исполнување на ветувањата. Во моментов се работи на неколку програми на неколку градоначалници. На пример, скопскиот градоначалник Коце Трајановски ветил дека ќе се залага за мониторинг на воздухот, а но подоцна во 2011 година кажа дека тоа не е во негова надлежност. Според неа ветувањата на власта за периодот од 2011 до 2015 засега половично се исполнети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бојаровски: По 25 години транзиција, Македонија има политички затвореници и прогонета слобода на изразување

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Борис Триван: Не планирав „Покојна Милева“ да стане волку влијателна

Емир Латифовиќ

Сарачини: Со креативност, против некреативноста

Емир Латифовиќ