Македонија со тројца борачи на ЕП

Од:

На Европското првенство во борење што претстои во Тбилиси од 19-ти до 24-ти март, Македонија ќе настапи со тројца борачи, Јасин Реџелари (60 кг), Дејан Митров (66 кг), Бобан Данов (120 кг). Нив ќе ги предводи како тренер Љуљзим Вренези, кој се повеќе ја презема тренерската улога во борењето.

ЕП е прв вистински предизвик за македонските борачи годинава, кои уште во 2013 ќе настапат и на Медитеранските игри и на Светското првенство.

На последниот тест, турнирот „Дан Kолов“ во Бугарија минатиот викенд борачите не минаа најдобро и не се доближија до освојување на некој од медалите. Дејан Митров во категоријата до 66 килограми се пласира на 18. место од 19 борачи, Јасин Реџелари го освои 13. место од 16 борачи во категоријата 60 килограми, Горан Атанасов беше 12. од 22 борачи во категоријата 74 килограми, а Бобан Данов беше 10. од 11 борачи во категоријата 120 кг.

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска