Зверев со нов разочарувачки пораз

Од:

Александар Зверев забележа уште еден разочарувачки пораз во последниве неколку месеци. Светскиот рекет број 3 беше поразен со 4:6, 7:5, 5:7 во драматичниот четвртфинален натпревар во Минхен против Чилеанецот Кристијан Гарин.

Зверев е шампион на турнирот во изминативе две години и е во серија од 9 последователни успеси. Сепак, тој беше запрен од одличната игра на Гарин, која при 4:5 во третиот сет спаси две меч топки на Германецот. Самиот Гарин пак имаше три меч топки во вториот сет.

Целиот меч беше исполнет со брејкови – 7 за Гарин и 6 за Зверев, а поразот го означи новиот лош резултат во 2019 година за шампионот на АТП финалето.

Од почетокот на сезоната најдобриот резултат на Зверев е изгубеното финале во Акапулко. Неговите резултати досега се многу слаби – рани загуби од Хајме Мунар во Маракеш, од Фабио Фоњини во Монте Карло и од Николас Џари во Барселона.

Надежта беше во Минхен да ја поврати својата форма. Пред турнирот, Зверев призна дека бил во „дупка“, откривајќи лични проблеми како што се раскинувањето со својата девојка, болест на неговиот татко и судски проблеми со неговиот поранешен менаџер.

Зверев ќе изгуби 205 поени и ќе му го отстапи на Роџер Федерер третото место во рејтингот. Но тешкото допрва треба да дојде, бидејќи следната недела Германецот ќе мора да брани 1.000 поени од „Мастерс“ турнирот во Мадрид, кој го освои пред една година.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ прв финалист на турнирот во Мадрид

Тим победник на АТП турнирот во Барселона

Татјана Ташкова

Мареј: Ако телото ми дозволи, ќе се обидам повторно да играм

Татјана Ташкова

Надал по елиминацијата во Барселона: Има порази кои можат да ми помогнат и ова е еден од нив

Татјана Ташкова

Тим го елиминира Надал во полуфиналето на АТП турнирот во Барселона

Татјана Ташкова