Жени за првпат станаа членови на Консултативниот совет (Меџлис ал Шура) на Саудиска Арабија.
Триесет припаднички на понежниот пол денеска положија заклетва пред кралот Абдула во неговиот дворец во главниот град Ријад, како нови членови на советодавниот орган. Некои од нив беа облечени во никаб.
Членовите на Консултативниот совет ги именува Кралот, кој со указ воведе квота за жените во составот на ова тело.