Златен медал за крушевски ученици на меѓународен натпревар по гастрономија во Хрватска

Од:

Учениците Давид Трајкоски и Бојан Седлоски од Средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче“ на меѓународниот натпревар за гастрономија во Хрватска освоија златен медал, а нивното средно училиште го освои второто место во конкуренција од 24 училишта од Европа.

На 14. Меѓународен фестивал по гастрономија Супетар – Брач, Република Хрватска кој се одржа од 9 до 14 април учениците имаа можност да присуствуваат на мастер часови од реномирани европски шефови на кујни, а покрај професорите и покоровителите, несебична поддршка во подготовката им даде и шеф Христијан Јорданоски.

За постигнатиот успех, наградените ученици, заедно со својот ментор Оливера Карева Скола, професорот Љупчо Крстески, со директорката на училиштето Снежана Миленкоска и со претставници од хотелот „Монтана Палас“, еден од нивните главни покровители, имаа средба со крушевскиот градоначалник Томе Христоски. Тема на разговор беше понатамошната соработка и промоција на струките од областа на угостителството, како и за дополнително поттикнување на учениците од крушевското средно училиште.

Би можело да ве интересира

„ГастроМак 2019“ од 10 до 14 октомври во Охрид

Ана Ололовска

Професионални практики во гастрономијата за подобра туристичка понуда на Охрид

Ана Ололовска

Македонски готвачи со четири медали на „Босански дукат 2016“

Ана Ололовска

Отворени „Денови на полска гастрономија“ во Македонија

Ана Ололовска

Игор Атанасов најуспешен на меѓународниот гастрономски натпревар „Македонија 2016“

Ана Ололовска

Отворен првиот меѓународен гастрономски натпревар „Македонија 2016”

Ана Ололовска