Меморандум за соработка денеска во Скопје ќе потпишат Фармацевтскиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј и Шангајскиот Институт за Материја Медика при Кинеската академија на науките.
Потпишувањето на меморандумот е резултат на претходно воспоставената двегодишна проектна соработка помеѓу двете инстутуции и е чекор понапред во планирање и реализирање на поширока соработка на Фармацевтскиот факултет од Скопје со Шангајскиот институт за Материја Медика на полето на природните производи.
На потпишувањето на меморандумот ќе се обратат деканот на Факултетот, проф. д-р Светлана Кулеванова, ректорот на Универзитетот, проф. д-р Никола Јанкуловски и претставници од Кинеската академија на науките, проф. Јанг Је и проф. Јинг Ванг.