Михаил Трендафилов-Нанче: Ќе создадам Совет на мудреци, тип на охридска влада

Од:

Кандидатот за градоначалник на Охрид, Михаил Трандафилов-Нанче порача дека 28 години само за време на избори сите се потсетуваат и ги повикуваат здруженијата со разно -разни ветувања.

-Јас сите здруженија ги сакам и за мене се на исто рамниште. Секој има да каже по нешто што ќе може да помогне на Охрид. Јас за време на изборите нема да ги злоупотребувам, да им давам празни ветувања и да се сликам со нив. Срам ми е после 28 години лажење јас да бидам уште еден кој ќе ги излаже!

Доколку ги добијам изборите, првата работна недела ќе ги поканам на работен состанок во кабинетот на градоначалникот, на кој тие ќе ми ги претстават своите визии и проекти кои јас како градоначалник ќе треба да ги реализирам. Без граѓанскиот сектор, без умните луѓе во Охрид и експертите од сите области, нема како да го преродиме Охрид и да го издигнеме до ниво Охрид-Град-Држава.

Ќе создадам Совет на мудреци кон градоначалникот на општината- тип охридска влада, во кој ќе ги вклучам сите умни луѓе и претставници на невладиниот сектор од различни области, кои сакаат да работат за нашиот Охрид. Секој има да каже нешто што не го знае другиот. Секој има некоја убава идеја која може да прерасне во проект, кој ќе го направи Охрид поубаво место за живеење и попривлечен за туристите, рече Михаил Трендафилов-Нанче.

Би можело да ве интересира

Михаил Трендафилов-Нанче во Велгошти: Потребен е верски, рурален и авантуристички туризам

Предраг Петровиќ