Деспотовски: Отворање и транспарентност на институциите преку дигитализација

Од:

Преку дигитализацијата ќе обезбедиме отвореност и транспарентнот на институциите, порача денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски при учеството на вториот Дигитален самит на Западен Балкан што се одржува во Белград.

Деспотовски беше говорник на панелот „Дигитална економија и општество“ посветен на зголемување на транспарентноста на јавната администрација и поголема употреба на отворени податоци.

–Демократизацијата на општеството сакаме да ја постигнеме и преку целосно отворање и транспарентност на институците. Во тој процес ги вклучуваме и домашните компании како и граѓанското општество. Програмата „Пристап“ што ја почнавме во 2018 година со Министерството за транспорт и врски нуди токму таква можост – домашните ИТ компании преку отворање на податоците од системите на институциите да ги искористат за изработка на решенија кои ќе овозможат нивна отвореност, но и ефикасност. Дигитализацијата на општеството и јавниот сектор е исто така и еден од трите столба на Научно технолошкиот парк, кој неодамна беше отворен во Скопје, рече Деспотовски.

Панелистите, соопшти ФИТР, се согласија дека постои и поголема потреба од регионална соработка на ова поле што ќе донесе позитивни придобивки за граѓаните. Тие ги споделија искуствата од своите земји и побараа да се направи регионална база во која ќе се интегрираат отворените податоци што ќе му бидат од корист и на бизнис секторот.

На панелот учествуваа и Сузана Прибиловиќ, министер за јавна администрација на Црна Гора, Одета Барбулиши заменик министер за надворешни работи на Албанија, Михајло Јовановиќ, директор на канцеларијата за информатичка технологија на Србија и Славиша Лечиќ, советник за корисници од САП.

На дводневниот Дигитален самит во Белград учествуваат околу 4.000 учесници и 200 говорници од 30 економии, кои ги претставуваат најновите трендови во областа на ИТ индустријата.

Би можело да ве интересира

Дигитален самит на економиите на Западен Балкан – Подгорица 2021

Ана Ололовска

Некстсенс – водечка компанија за дигитална трансформација и партнер на Дигиталниот самит во Белград

Ана Ололовска

Втор ден од Дигиталниот самит на Западен Балкан

Ана Ололовска

Министерот Манчевски се обрати на Дигиталниот Самит на земјите од Западен Балкан

Ана Ололовска

ВИДЕО: Робот заигра „Гангнам Стајл“ на отворањето на Дигиталниот самит во Белград

Ана Ололовска

Почна вториот Дигитален самит на Западен Балкан

Ана Ололовска