Вториот Дигитален самит на економиите на Западен балкан, на кој присуствуваат над 3.000 учесници, 2.000 компании и 200 говорници од цел свет, продолжува денеска во Белград со голем број панели и презентации за процесите во дигиталната трансформација во регионот.
Учесниците денеска ќе разговараат за кибер безбедноста, безбедноста на децата на интернет, заштита на податоци, како и за тоа која е улогата на државата и приватниот сектор во овие глобални процеси, јавува Танјуг.
Дигиталниот самит е еден од симболите на регионалната соработка, а инициран е со Берлинскиот процес. Самитот се одржува во рамки на Дигиталната недела на Србија, која трае од 1 до 7 април.
Првиот дигитален самит беше одржан во Скопје, во април минатата година.