Почина писателот Ристо Ѓ. Јачев

Од:

По тешко боледување денеска почина Ристо Ѓ. Јачев – поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, преведувач.

Роден е на 15 мај 1942 година во Долно Родево, Воденско. Член на ДПМ од 1967 година. Автор е на збирките поезија: „Кавал и магија“ (1967), „Смртта на ангелот“ (1968), „Подземни сенки“ (1973), „Димна гора“ (1974), „Болна градина“ (1976), „Секнати извори“ (1979), „Горница“ (1984), „Сопатникот на сеништата“ (1988), „Ехо на квечерината“ (1989), „Ангел на Христовиот гроб“ (1991), „Камена перница“ (1992), „Смртни песни“ (1994), „Заточеникот на мракот“ (1996), „Велестовски ноќи“ (1996), „Вакафска земја“ (поема, 1998), „Жедна ноќ“ (2000), „Белиот светец“ (2003), „Студен мрак“ (2005), „Зборови и солзи“ (2007), „Под златната шума“ (2009), „Редење на времето“ (2011), „Помнам“ (2013), „Тагата на славејот“ (2016).

Тој е вграден во македонската литература и со неколку прозни дела, и тоа романите: „ Кукла“ (1991), „Јаков“ (1993), „Патот на ангелите“ (трилогија, 1996), „Алексеј“ (2002), „Синот на свештеникот“ (2012) и повеста „Вечерни ветрови“ (1972). Зад себе го остави и драмскиот текст „Моите соништа“ (2000).

Погребот, како што соопшти Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ќе се изврши утре во 13 часот на гробиштата кај црквата „Св.Спас“ во Велес.

Би можело да ве интересира

Комеморација на ДПМ за писателот Ристо Ѓ. Јачев