Церемонија на доделување на француските филмски награди Цезар

Од:

Во салата „Плејел“ во Париз вечерва ќе се одржи 44-та церемонија на доделување на француските филмски награди Цезар во 22 категории.

Најмногу номинации на овогодишната церемонија, чиј водител ќе биде Кад Мерад, имаат филмовите „Големата бања“ и „До гарда“, кои се номинираа во десет категории, како и филмското остварување „На слобода!“ со девет номинаци.

Оваа година наградата на публиката, чии лауреат се определува според најголемиот број на гледачи во кино салите, ќе ја добие францускиот филм „Семесјството Штит“ на Дани Бун. Сранува збор за третиот дел од комедијата за семејството Туше, која привлече повеќе од 5,5 милиони гледачи.

Почесен Цезар ќе му биде доделен на легендата на американскиот филм Роберт Редфорд.

За најдобар филм се номинирани „Големата бања“ на Жил Лелуш, „Ги“ на Алекс Луц, „Болката“ на Емануел Финкел, „На слобода!“ од Пјер Салвадори, „Браќата Систерс“ на Жак Одиар, „Сирак“ на Жан Хери и „До гарда“ на Ксавиер Легранд.

Во конкуренција за Најдобар режисер се номинирани Жил Лелуш за „Големата бања“, Алекс Лутц за „Ги“, Ксавиер Легранд „До гарда“, Жак Одиар за „Браќата Систерс“, Жан Хери за „Сирак“, Пјер Салвадори за „На слобода!“ и Емануел Финкел за „Болка“.

За најдобра актерка се номинирани Леа Дуркер за „До гарда“, Виржини Ефира за „Невозможна љубов“, Адел Хаенел за „На слобода!“, Мелани Тјери за „Болка“, Елоди Буше за „Сирак“, Сесил де Франс за „Мадмазел де Жонкиер“ и Сандрин Киберлејн за „Сирак“.

Во трката за Цезар за најдобар актер се Едуард Бер за „Мадмазел де Жонкиер“, Винсан Лакост за „Аманда“, Жил Лелуш за „Сирак“, Алекс Лутц за „Ги“, Пио Мармај за „На слобода!“, Денис Меноше за „До гарда“ и Ромен Дирис за „Нашите битки“.

За најдобра актерка во споредна улога се борат Изабел Аџани за „Светот е твој“, Одре Туту за „На слобода!“, Карин Вијард за „Скокоткање“, Леила Бехти за „Големата бања“ и Виржини Ефира за „Големата бања“.

Во истата катагорија кај актерите номинирани се Жан-Иге Англад за „Големата бања“, Дамиен Бонар за „На слобода!“, Кловис Корнијак за „Скокоткање“, Филип Катрин за „Големата бања“ и Денис Подалидес за„ Да се допаѓа, сака и трча брзо“.

За Цезар за најдобра женска актерска надеж се предложени Офели Бау за „Мектуб Моја Љубов“ од Абделатиф Кечиш, Галатеа Белучи за „Појавата“ на Ксавиер Џаноли, Џени Бет за „Невозможна љубов“, Кенца Фортас за „Шехеразада“ од Жан-Бернард Марлин и Лили Роуз Деп за „Верниот маж“ на Луј Гаррел

За најдобар надежен актер, пак, се номинирани Карим Леклу за „Светот е твој“, Вилијам Лебгил за „Прва година“, Ентони Бајон за „Молитва“, Томас Џорија за „До гарда“ и Дилан Роберт за „Шехеразада“.

Кандидати за Цезар за најдобар дебитантски филм се „Нејасна љубов“ на Роман Боражер и Филип Ребот, „Шехерезада“ од Жан-Бернард Марлин, „Скокоткање“ на Андреа Бесконд и Ерик Метајер, „До гарда“ на Ксавиер Легранд и „Див“ на Камиј Видал-Наке

За најдобар документарен филм се номинирани „Судењето на Мандела“ од Николас Шампо и Жил Порт, „Америка“ од Клаус Дрекселм, „Од секој момент“ на Никола Филибер, „Големиот Бал“ на Летисија Картон и „Ниту судија, ниту подведен“ на Жан Либон и Ив Хинант.

Во категоријата најдобар странски филм се номинирани полскиот „Студената војна“ од Павел Павликовски, американско-британскиот „Три Билборди, панели за одмазда“ на Мартин Мекдонаг, либанскиот „Капарнаум“ на Надин Лабаким, италијанскиот „Хана“ од Андреа Палаоро, белгиско-францускиот „Нашите битки“ на Гијом Сенез, белгискиот „Девојка“ на Лукас Донт и јапонскиот „Семејна работа“ на Хирокаку Коре-Еда.

За најдобар анимиран филм се номинирани „Астерикс: тајната на магичната напивка“ на Луис Клиши и Александер Астиер, „Пашамама“ од Хуан Антин и „Дилили во Париз“ од Мишел Оцело.

Во категоријата најдобар анимиран кратокметражен филм се предложени „Во срцето на сенките“ на Алис Ека Гуимареш и Моника Сантос, „Смртта, таткото и синот“ на Денис Валгентвиц и Винслус Рејмонд, „Вертикално бегство“ на Сара Ван Ден Бум и „Вилена ќерка“ на Ајче Картал,

Во траката за Цезар за најдобар кратокметражен филм се номинирани „Галантната Индија“ на Клемент Когиторе „Капиталистис“ на Пабло Муњоз Гомез, „Дозволете ми да играм“ на Валери Леруа, „Малите раце“ на Реми Аллиер и „Брагуино“ на Климент Когиторе.

Би можело да ве интересира

Полански го доби францускиот „Цезар“, актерите заминаа од церемонијата, протести пред салата во Париз

Предраг Петровиќ