Португалецот Карлос Кеирош е новиот селектор на колумбиската репрезентација, објави локалната фудбалска федерација.
Стратегот беше на чело на Иран во последните осум години, а минатото лето го водеше тимот на Светското првенство во Русија, по што најави дека нема да го обнови договорот.
Кеирош го замени Жозе Пекерман на чело на јужноамериканскиот тим. Новиот ментор ќе биде официјално претставен подоцна денеска.