Топлификација е подготвена да го плати долгот кон „Битар Холдингс Лимитед“, доколку ТЕ-ТО ја исполни својата обврска кон нив

Од:

„Барањето за стечај на Топлификација АД е поднесено од фирмата Битар Холдингс Лимитед која е 89,2% сопственик на ТЕ ТО АД, за побарување кон Топлификација АД од околу 1,1 милион евра.

Во овој момент ТЕ ТО АД, по сопствено признание дадено во Програмата за сопствена реорганизација приложена за стечајот кој ТЕ ТО АД си го бара сам на себе, е должен на Топлификација АД над 28 милиони евра. Од тоа 11,4 милиони евра по извршна судска пресуда донесена од Врховниот суд на РМ.

Во истата Програма за реорганизација директорот на ТЕ ТО АД бара отпис на долгови кон Топлификација АД од околу 26 милиони евра за да се спасила фирмата од банкротство.

Исто така во Програмата за реорганизација ТЕ ТО АД признава дека во периодот 2013 – 2017 работел целосно непазарно купувајќи природен гас од дефинирана offshore фирма и продавајќи електрична енергија на строго дефинирана фирма надвор од државата.

Топлификација АД е подготвена веднаш да го плати својот долг кон Битар Холдингс Лимитед доколку ТЕ ТО АД си ја исполни својата обврска кон Топлификација АД само по пресудата на Врховниот Суд на РМ.
Топлификација АД уште еднаш ги повикува надлежните органи во Република Македонија целосно да ја испитаат постапката на стечај на ТЕ ТО АД и непазарното работење на ТЕ ТО АД во периодот 2013 – 2017 за да се избегнат сериозни штети на доверителите на ТЕ ТО АД од над 152 милиони евра отписи кои раководството на ТЕ ТО АД ги бара во својот стечај предизвикан сам на себе“ се вели во соопштението на Топлификација АД.