Табаско направиле сос 20 пати полут од оригиналниот

Од:

Табаско е еден од најпрепознатливите брендови кога се работи за лути сосови, а со новиот нивни производ го надминаа и оргиналниот рецеп.

Тие направиле сос, наречен Табаско Скорпион Сос, за кој што тврдат дека има 50 илјади единици на Сковиловата скала за лутина. Оригиналниот сос на Табаско има од 2.500 до 5.000 единици на иста скала, што значи дека новиот сос е до 20 пати полут од оригиналниот.

Сосот се продавал само во САД, а се продал навистина брзо, по големиот интерес на љубителите на лутата храна, па од компанијата најавија и нова „тура“.