Дамовски: Aпсењето го избезуми мојот син, па го лажевме дека снимаме филм

Од:

Режисерот на Еднооки, Борис Дамовски објаснува како бил уапсен, како вооружени полицајци му упаднале во домот и како течел распитот.

– Иако акцијата беше спектакуларна, полицајците ме третираа коректно за време на целиот престој. Распитот траеше половина час, а потоа 13 часа седев на неудобно столче – за Канал 5 вели Дамовски, режисерот на Еднооки и сопственик на Контрабанда.

Тој објасни дека апсењето вчера во 5:30 часот го избезумило неговиот малолетен син, па морале да го залажат дека станувало збор за снимање филм.