Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира 1.000 дронови дневно кон Русија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ѝ нареди на армијата на земјата да го зголеми бројот на напади со дронови со долг дострел врз Русија на 1.000 дневно, во споредба со околу 300 такви напади дневно во претходниот период.

„Постои многу конкретна цел и ние ќе ја исполниме таа задача“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува „Укринформ“.

Тој наведе дека за ова се разговарало на состанокот на Врховниот командант, каде што се дискутирало и за испораката на оружје за заштита од руските напади.

„Денеска бев во штабот. Клучно е максимално да го искористиме нашето оружје за да се заштитиме од руските напади врз Украина. Најважна е нашата заштита од беспилотните летала ’Шахед‘, како и тоа нашите напади длабоко во руската територија да станат уште почести“, рече Зеленски.

Според него, целта е да се користат околу илјада дронови дневно за напади со долг дострел врз Русија.

Би можело да ве интересира

Елхами: Иран собори дронови и борбени авиони, сега развиваме ново оружје

Кремљ ѝ се закани на Британија: Не ги исклучуваме нападите врз фабриките за дронови

Зеленски ја сподели пораката што му ја испратил Трамп за Денот на независноста

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Најреален период за крај на војната е до следното лето

А1он

Смртоносен руски напад врз родниот град на Зеленски – погоден е трговски центар, најмалку 14 мртви

А1он

Екс портпаролката на Зеленски: Украина е земја што крвари – треба да моли за мир

А1он