Зеленски испрати предупредување до Европа: „Вие сте следни“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека, ако „руската воена машина“ преживее, нејзините следни напади може да бидат насочени против Европа и други региони.

„Ако руската воена машина истрае, нејзините следни напади може да бидат насочени против Европа и против другите соседи на Русија, во подалечни региони: руското зло веќе се покажа во Сирија и африканските земји“, истакна тој во вечерното видео обраќање, пренесува Укринформ.

Зеленски изјави дека Украина интензивно работи на зајакнување на санкциите, истакнувајќи дека врските на Русија со меѓународните добавувачи кои овозможуваат воено производство се директна закана за безбедноста.

„Односите на Русија со светот, кои работат за војна, претставуваат директна закана за животите, не само во Украина“, предупреди Зеленски, додавајќи дека санкциите и другите форми на притисок се најефикасните инструменти за ограничување на воените капацитети на Русија.

Тој истакна дека во неодамнешниот напад врз Киев, Русија користела ракети произведени оваа година, наведувајќи дека без компоненти од Европа, Јапонија и Соединетите Американски Држави, нивното производство би било невозможно.

„Без компоненти од компании од Европа, Јапонија и Соединетите Американски Држави, Русите едноставно не би можеле да ги изградат овие ракети“, изјави Зеленски.

Според него, клучно е да се прекинат сите канали за снабдување на Русија со компоненти за производство на ракети и беспилотни летала.

„Сега Русите се во голема мера ограничени од нашата одбрана. Но, што ќе се случи следно, каде ќе одат Русите следно? Потребна ни е решителност да ја поттикнеме оваа земја да стане побезбедна за светот“, заклучи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

ВИДЕО: „На ракета, да те е**м“ – снимка од одговорот на Зеленски на руски новинар стана вирална

Катерина Ѓуровски

„Путин не победува во војната, но и не губи, тоа е вистина“

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он

Зеленски: Договорив средба со Трамп, тоа може многу да промени

А1он

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди украински манастир – загина свештеник

А1он