Заложничка криза во банка во Москва

Од:

Припадници на специјалните сили на руската полиција ликвидираа еден маж, кој синоќа зеде заложници во една банка во Москва, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.

Како што јави ТАСС, сите заложници се ослободени, а меѓу клиентите и вработените во банката нема настадани.

Мажот упаднал во филијала на „Московската кредитна банка“ и побарал сума од 4,7 милиони рубљи (13.000) евра.

Тој бил ликвидиран кога во рацете на киднаперот бил забележан предмет, кој наликува на експлозив, а под неговата облека виселе жици, па се претпоставувало дека сака да детонира експлозивна направа.

Руската полиција го блокира регионот и правеше проверка за евентуално поставена бомба, но не беше пронајдена никаква експлозивна направа.

Жителите во зградата над банката, кои беа евакуирани, добија дозвола да се вратат во своите домови.