За Сириската телевизија атентатот врз Франц Фердинанд се случи минатиот викенд

Од:

Сириската телевизија со 100 години задоцнување, како итна вест изминатиот викенд објави информација за атентатот во Сараево врз австроунгарскиот претстолонаследник Франц Фердинанд.

Би-Би-Си Арабија во твитовите објави вест за 100-годишнината од атентатот во Сраево, што вработените во информативната редакција на Сириската телевизија не ја разбрале баш најдобро, и поверувале дека се работи за актуелна информација, објави виенскиот весник Естерајх.

Новинар на Сириската телевизија ја објави како итна вест – дека Франц Фердинанд е убиен, со напомена дека „20 луѓе се повредени за време на експлозијата врз конвојот на претстолонаследникот“.