Враќање на Дејвид Камерон, поранешниот премиер назначен за министер за надоврешни работи

Од:

Дејвид Камерон е назначен за министер за надворешни работи. Изненадното назначување на поранешниот премиер доаѓа откако Суела Браверман беше отпуштена од функцијата министер за внатрешни работи, а Џејмс Клеверли беше избран да ја замени, оставајќи ја отворена позицијата во Форин Офис.

Конзервативната партија претходно денеска објави дека британскиот премиер Риши Сунак ќе ја реконструира владата.

Медиумите објавија дека Сунак ја разреши министерката за внатрешни работи Суела Браверман, а на нејзино место ќе биде поставен поранешниот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Официјалната причина за разрешувањето на Браверман е реконструкцијата на владата.

Смената дојде откако таа рече дека полицијата е „премногу мека“ кон „пропалестинската толпа“ и дека викендот протестите за поддршка на Палестинците се „маршеви на омраза“, пишува Гардијан.

Критичарите велат дека нејзиниот став помогнал да ги подгрее тензиите и да ги охрабри десничарските демонстранти да излезат на улиците на Лондон, принудувајќи го премиерот Сунак да преземе акција, наведува агенцијата.

Би можело да ве интересира

Камерон: Засега нема да бараме официјално да излеземе од ЕУ

Камерон со солзи во очите: Поднесувам оставка, ви треба нов премиер