ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 20 мажи тепаат една девојка

Од:

Девојка во индискиот град Guwahatija беше нападната од дваесетина мажи по излегувањето од ноќен клуб. Таа бараше помош, но никој од минувачите и сопствениците на околните продавници не и помогна, туку седеа на страна и го набљудуваа овој немил настан кој трае 30 минути.

Инцидентот го снимил новинар и го поставил на YouTube. Единствено тој се обидел да и помогне на девојката но бил спречен по што повикал полиција.

Дваесетте мажи девојката ја претепааа, и ја соблекоа облеката и гасеа цигари од нејзиното тело. Полицијата стигнала по 45 минути и уапсила шестмина кои учествувале во нападот, а голем е притисокот на јавноста да се приведат сите учесници. Девојката по нападот кој се случи на 10 јули сега се чувствува добро и се наоѓа на сигурно.