Во судири во Чад загинаа најмалку 37 лица

Од:

Најмалку 37 луѓе загинаа во тридневните судири помеѓу земјоделците и сточарите во источниот дел на Чад, соопшти претседтаелот на земјата Идрис Деби Итно.

– Судирите помеѓу заедниците се загрижувачка појава на национално ниво. Сведоци сме на феноменот на лошо живеење. За три настрадаа 37 луѓе, посочи Итно.

Чад покрај локалните судири често се соочува со напади од екстремистичката група Боко харам.