Спасувачките служби во Виетнам во последните три дена пронајдоа уште 16 човечки тела, со што билансот на загинати во поплавите на северот на оваа азиска земја порасна на 23 лица.
Во поплавите кои неделава погодија четири провинции во Виетанм, се уште како исчезнати се водат 16 лица, додека 20 се повредени.
Уништени се над 230 куќи, оштетени се бројни патишта и системи за наводнување а голема штета претрпеа и земјоделските култури.
Во потрагата по исчезантите вклучена е и Виетнамската армија.