Во поплавите во Пакистан досега загинаа 458 деца, што е околу една третина од вкупниот број на загинати. Катастрофата погоди 33 милиони луѓе и загинаа најмалку 1.314 , според официјалните владини бројки цитирани од АФП.
Бројот на загинати постојано се зголемува.
На поплавите, кои поплавија една третина од земјата , им претходеа четири топлотни бранови и бројни бесни шумски пожари, рече шефот за управување со катастрофи на состанокот на високо ниво, нагласувајќи ги ефектите од климатските промени во јужноазиската држава. Штетата изнесува повеќе од 10 милијарди долари .