Во Мексико запленети илјадници шишиња текила со течен метамфетамин

Од:

Мексиканската морнарица запленила речиси десет тони течен метамфетамин скриен во 11.520 шишиња текила наменети за извоз, се вели во соопштението на морнарицата.

Властите пронајдоа 8.640 килограми од дрогата користејќи кучиња трагачи и хемиски систем за идентификација, откако извршија проверка на контејнер со 960 кутии и шишиња текила во пристаништето Манзанило, град на западниот брег на Мексико, јавува Си-Ен-Ен.