Јапонците денеска излегуваат на избори да изберат 121 пратеник во Горниот дом на парламентот, јави агенцијата Анадолија.
Доколку владеачката коалиција, што ја сочинуваат Либералнодемократската партија на премиерот Шинзо Абе и Новата Комеито партија, победат на изборите, за премиерот на Јапонија тоа ќе значи „контрола врз парламентот“, односно можност за продолжување на спроведувањето на економските реформи.
Победата на изборите за Абе ќе значи, исто така, и продолжување на потребните реформи кога е во прашање брзиот пад на бројот на населението, како и зголемувањето на нациналниот долг на Јапонија.
Либералдемократите јапонската економија се обидоа да ја заживеат со финансиски и монетарни поттикнувања, а премиерот Абе изјави дека негов приоритет е да се продолжи со заздравување на јапонската економија.
Во парламентот на Јапонија се наоѓаат вкупно 242 пратенички места, од кои половината му припаѓаат на Горниот дом.
Изборите за Горниот дом на парламентот се оддржуваат секоја трета година, а мандатот на избраните пратеници трае шест години.