Во Индонезија силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер

Од:

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска индонезиските Молучки острови, јави Американскиот институт за геофизика (УСГС), додавајќи дека не е издадено предупредување за цунами.

Земјотресот се случил во 1,43 часот по локално време во Бандското море, на околу 70 километри југоисточно од Амахаи, главниот град на островот Серам.

Индонезија, архипелаг со 17.000 помали и поголеми острови, се наоѓа на преминот на три големи тектонски плочи. Земјата се наоѓа во пацифичкиот Огнен појас, каде има голема вулканска активност и чести се силни земјотреси.

Во Индонезија, во голем земјотрес и цунами во 2004 година загинаа 170 000 лица.