Во големото широко отворено

Од:

Научните студии за техниките за намерно модификување на климата се подготвени да излезат од лабораторите

Во 1990, Џон Латам, клауд физичар, објави краток текст во Нејчр под наслов „Контрола на глобалното загревање?“ Тој тврди дека ако ниските морски облаци за малку се осветлат, земјата може доволно да се излади за да се справи со растечкото загревање предизвикано од емисиите на стакленички гасови. Осветлувањето треба да се постигне со вбризгување од долу на малечки честички од морска сол во облаците; тоа ќе делува како „јадраза кондензација на облаците“ (ЈКО) со што ќе се зголеми бројот на водени капки во облаците, а со тоа и количината на сончева светлина која тие ја рефлектираат надвор во вселената. Латам пресметал дека еден квадратен километар облаци може да се осветлат со само 400 грама прскање на час. А да се открие дали е тоа навистина толку лесно да се оствари, можеби ќе треба директни тестирања. Др Латам напиша: „Ова изгледа изводливо, да се спроведе експеримент во кој ЈКО контролирано ќе се внесат во надморската стратосфера“.

Четвртина век подоцна, таков тест можеби е и остварлив. Повеќе од десет годни идејата на д-р Латам беше скоро целосно игнорирана. Потоа го привлече вниманието на инженерот претпремач Стивен Салтер од Универзитетот во Единбург кој барал начин за негова практичност, и неколку други истражувачи исто така почнале да обрнуваат внимание. Но прашањето дали навистина некој може вистински да произведе спрејови кои ќе бидат поставени на бродови со кои ќе може издржано да се испрскаат честички кои имаат десетици илајдити делови од милиметар во дијаметар со количина од илјада трилиони во секунда, останува отворено.

Арманд Нукерманс, пензиониран инженер од Силиконската долина, во чии постигнувања помеѓу другите се и развојот на првите инкџет печатари, со повеќемина колеги (исто така пензионери) разгледуваат разни можни техники. Една која можеби ќе функцинира е „растворувачка атомизација преку нанесување со спреј“ со која наместо да се обидуваме веднаш да создадеме вистински малечки капки, се прават големи во кои водата помешана со гас постепено се фузионира во честички од потребната големина.

Д-р Нукерманс, Томас Акерман и Роберт Вуд (последниве двајца се научници од Универзитетот во Вашнгтон кои проучувале облаци) заедно со колегите поднеле предлог за теренско тестирање дали овие спрејови навистина функцонираат ако нивните ефекти можат да се контролираат и мерат, и што ќе се случува со облаците кои се третирани на овој начин. Сега тие истражуваат како да се дојде до финансии за таква програма.

Тие не се единствените луѓе кои сакаат да видат како идеите од студиите за геоинженеринг функционираат во реалниот свет. Дејвид Кејт, професор на Универзитетот Харвард, приоучувал како да се одбива сончевата светлина од вештачки слој магла во стратосферата, слично на она кое го прави сулфурот кога е исфрлен при големи вулкански ерупции, за кое се знае дека ја лади земјата. Еден од ризиците може да биде тоа што таквите честички можат да поттикнат хемиски реакции кои го осиромашуваат озонскиот слој. Д-т Кејт и неговите колеги сакаат да истражат колку стапките од тие реакции зависат од големината на честичките и заднинските нивоа од водената пареа; тоа ќе помогне за да се оценат ризиците и можеби да се најде начин истите да се ограничат. Тие дизајнирале систем кој би требало да виси под голем балон 20 километри високо на небото, над земјата. Тоа ќе создаде мал пердув од сулфатни честички, а потоа ќе се мерат физичките и хемиските промени.

И за обалците и за стратосферата директните ефекти од предложениот експеримент се мали. За осветлување на облаците на замисленото ниво потребно е помалку од литар морска вода во секунда. Количеството на сулфур кој може да се вбризга во стратосферата треба да биде околу 2 проценти од она кое патнички авион кој го прелетува Алтантикот го испушта во воздухот. Овие предлози не се издвоени од нивото кое е предвидено, туку од прецизноста со која ќе биде изведени и од грижата со која ефектите ќе бидат следени.

Оние загрижените

Но нешто друго тежи уште повеќе. Иако овие експерименти ќе овозможат увид корисен за научниците во нивните области – физиката на облаците и хемијата на стратосферата се големи теми самите по себе – тие се предложени како начини за идни истражувања во геоинженерингот. Ова загрижува многу луѓе и бројни еколошки организации преку кампањи се спротивставуваат на ваквите експерименти. Академските критичари, како што е Клајв Хамилтон од Универзитетот Чарлс Старт во Австралија, тврдат дека иако ризицте по здравјето или животната средина можеби се мали, ваквите експерименти претставуваат „политички и социјален ризик“, што е уште попроблематично. Експериментите можат да создадат „заглавување“ во врска со патиштата за истражување на честичките, со што ќе создадат тело кое ќе ги занемарува следните неоткриени ризици и пречки. И самиот факт што експреиментите продолжуваат може да доведе луѓето да помислат дека геоинженерингот може лесно да се направи изводлив, а оттука и да се откажеме од намалувањето од емитување на јаглеродните гасови.

Следење на парите

Можеби заради ваквите загрижености, телата за финансирање сеуште не покажале голем апетит за еспериментите во геоинженерингот. Во Америка, поголемиот дел од релативно малкуте пари кои досега се потрошени за истражувања одат на компјутерски модели. Во Британија, каде три интердисциплинарни истражувачки програми на ова поле се веќе дојдени до крај, предложениот експеримент со кој ќе се вбризгува вода од балон беше откажан од тимот кој го планираше во 2013 година, загрижени од транспарентноста на самиот процес на чија основа и беше поставен експриментот. На неодамнешните дискусии посветени на овие британски програми, Ален Гадијан од Универзитетот во Лидс, кој работи со д-р Латам, д-р Нукерманс и нивните колеги, не го крие сомнежот дека владата е наклонета против финансирање на експерименти како оние кои се сега предложени за осветлување на облаците.

Во отсуство на финансии од владата, помагаат некои филантропи. Д-р Кит е еден од администраторите на Фондот за Иновативни истражувања на климата и енергиите, преку кој Бил Гејтс и некои од неговите поранешни колеги од Мајкрософт финансираат истражувања за проекти од геоинженерингот и за други нешта. Овој фонд ги подржал истражувањата на д-р Гадијан и д-р Нукерманс, помеѓу останатите, како и на самиот д-р Кит. Но неговата позиција не е да финансира теренски тестирања за осветлување на обаци, создавање магла во стратосферата и слично. Други извори на филантропски пари можеби се и достапни, и озветлувачите на облаци можеби ќе дојдат и до нив. Д-р Кит и неговите колеги сепак сакаат нивните експерименти во стратосферата да бидат воглавно финансирани од владите. „Мислам дека имаме добра шанса да имаме здрав дијалог ако експериментите се јавно одобрени“, рече д-р Кит.

Експериментите во геоинженерингот кои се изведуваат на своја рака или без почитување на високата осетливост можат да бидат штетни. Но неочекувано се навестува дека ваквите експрименти можат да бидат регулирани. Во 90-ите и вопрвата деценија од 21-иот век се изведоа бројни големи експрименти со цел да се открие дали додавањето на железо во океаните може да поттикне фотосинтеза на ист начин исто како и при преместувањето на јаглеродот од атмосферата во амбис. Иако беа квалификувани како истражувања за минатото на климата – се смета дека таквите примени придонеле за ниски нивоа на јаглерод во леденото доба – што е можната примена на овој процес како форма на геоинженеринг со цел да се стабилизираат идните нивоа на јаглерод диоксид што беше и целта.

На крајот од првата деценија на 21-иот, век ваквите експерименти беа дискутирани на Лондонската конвенција, која поставува правила во врска со загадувањето на морињата. Беше одлучено дека може да е дозволат истражувања, и беа донесени доволен број на регулаторни правила. На средбата за регулацијата на експериментите во геоинженерингот која се одржа во Вашингтон на почетокот на декември, некои океанографи тврдеа дека овој нов регулаторен систем е толку строг што ги обескуражува вредните истражувања. Други учесници сметаа дека е тешко да се поткрепи затоа што никој вистински не се обидел да побара одобрение за таквие експрименти откако беа исцртани новите правила – а најголемаа прична за тоа е што океанографите се поделени околу вредноста на идните истражувања. Ако е ова некаков преседан, тогаш тој навестува дека експериментите во геоинженерингот во атмосферата можат плодно да продолжат, да донесат нови сознанија, нови регулаторни рамки и нови несогласувања – и никаков очигледен ризик од заглавување.

Економист – Лондон