Во Германија се намалува бројот на новозаразени од Ковид-19

Од:

Во Германија се потврдени 1.775 нови случаи на заразени од вирусот Ковид-19 со што вкупниот број изнесува 141.672, соопшти денеска Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.

Како што пренесуваат германските медиуми, втор ден по ред бројот на новозаразени се намалува.

Бројот на смртни случаи се зголеми за 110 односно има вкупно 4.404.