ВИДЕО: Во вистинско време на вистинско место

Од:

7-годишната Кејла избегна смрт по падот од третиот кат од зграда и беше фатена од нејзиниот сосед.

Видеото што е снимено со помош на телефон во Coney Island во Brooklyn, прикажува како Кејла Мекри стои на клима уред пред да скокне. Нејзиниот драматичен скок предизвика скршеницата на раката на Стивен Бернанрд кој беше подготвен за да го фати и спаси малото девојче.

„Ве молам оставете ме да ја фатам, ве молам оставете ме, тоа беше се што можев да кажам“, изјави Бернанд.

52-годишниот возач на автобус и татко на 4 деца изјави дека бил на вистинското место и во вистинското време. Исто така додаде дека се чувствува прекрасно што го сторил тоа.

Пријателите и соседите го нарекуваат херој, а тој изјави „Не, јас само го видов детето, го спасив и тоа е се“.