Бројот на новозаразени со Ковид-19 последниве денови во Индија е рекордно висок. За само три дена земјата има еден милион нови случаи. Паралелно расте и бројот на починати. Според Министерството за здравство во последните 24 часа починале 2600 луѓе.
Ова е последица на огромниот наплив на пациенти во болниците кои имаат и недостаток на кислород.
Блиски на починати од Ковид-19 сведочат дека не успеале воошто ниту да ги внесат своите роднини во болница. Буквално чекале на тротоарите и молеле за кислород. Велат никој не им помогнал.
Семејствата со денови чекаат да ги кремираат блиските во преполните крематориуми.
Владата ги засили напорите за испорака на кислород, користејќи специјални експрес возови, авиони и камиони.