Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед во последните недели, тој обвини две новинарки дека лошо си ја вршат работата за време на вчерашната тркалезна маса во Белата куќа, објави ХафПост.
На прашањето на Рејчел Скот од АБЦ дали е посветен на објавување на целата снимка од нападот на 2 септември врз наводните бродови за дрога во Карибите, Трамп остро одговори. „Вие сте најнапорната новинаркс овде“, рече Трамп. „Дозволете ми да ви кажам, вие сте исклучително напорна, ужасна – всушност ужасна новинаркс, и секогаш е истото со вас“.
Rachel Scott walked into the roundtable with a script, not a question. Trump shredded it in seconds. Clear answer. Clear authority. When she tried the same ambush twice, he ended it with a flame thrower.pic.twitter.com/o5WAc6752t
— MAG🔫1775🇺🇸 (@realMAG1775) December 8, 2025
За потсетување, Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет се соочуваат со критики поради гореспоменатиот напад, за кој некои критичари тврдат дека може да се класифицира како воено злосторство.
Новинарката го потсети дека претходно рекол дека „нема проблем“ со објавувањето на снимката, но Трамп го негираше тоа.
„Вие го кажавте тоа. Јас не го кажав тоа. Ова се типични лажни вести на АБЦ“, одговори претседателот.
Кога новинарката повторно се обиде да добие директен одговор, Трамп рече дека ја остава одлуката на министерот за одбрана Пит Хегсет. „Што и да одлучи Хегсет, за мене е во ред“, рече тој.
Трамп се налути на друга новинарка која го праша за 20-те републиканци кои објавија дека нема да се кандидираат за реизбор, додека некои од нив изразија незадоволство и од состојбата на партијата. „Колку демократи се пензионираат? Како тоа ги познавате само републиканците, а не и демократите?“, ја праша Трамп. Кога новинарката одговори дека се подготвила за прашања за републиканците, претседателот ја прекина. „Не, не сте подготвени, бидејќи треба да ги познавате демократите. Вие сте целосно неподготвени“, ѝ рече тој.
Испадите дојдоа кратко откако тој ја нападна Кејтлан Колинс од Си-Ен-Ен на TruthSocial, нарекувајќи ја „глупава и злобна“ затоа што го прашала за растечките трошоци за неговата балска сала.
Минатиот месец, Трамп ги нарече новинарките „грди“ и „свињи“. Неговата прва навреда беше упатена кон новинарката на „Њујорк тајмс“, Кејти Роџерс, која работеше со колега на сторија за неговото здравје, стареење и сè поретки јавни појавувања. „Кејти Роџерс, која е задолжена да пишува само лоши работи за мене, е третокласна новинарка која е грда, одвнатре и однадвор“, напиша Трамп во објавата, без да го спомене својот колега Дилан Фридман, кој исто така беше коавтор на статијата.
Инцидентот се случи откако тој ја замолчи новинарката на „Блумберг“, Кетрин Луси, во „Ер Форс Уан“, откако таа го праша за досиејата на Џефри Епштајн. „Замолчи, свињо“, ѝ рече Трамп, мавтајќи со прстот.
Запрашана за коментарите на претседателот, портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, предложи новинарите да бидат благодарни што Трамп е „искрен и отворен и искрен пред вас, наместо да се крие зад грб“.
