ВИДЕО: Тинејџер со голи раце се одбранил од ајкула

Од:

Дека Херцеговецот Блажо Грковиќ кој со голи раце уби мечка, не е единствен кој совлада опасно животно, потврди неодамнешниот настан кој се случи во Атлантскиот океан.

Четиринаесетгодишниот Џошуа Вотсон пливал во Бичвокер, парк на островот Каива, во Јужна Каролина кога ајкула долга метар ипол го фатила за зглобот на десната нога.

Вотсон кој инаку има црн појас во карате, останал прибран и го возвратил нападот.

-Мислам дека тоа не го очекуваше. Реагирав, и тоа ја исплаши. Благодарение на вештината за брза реакција која ја имам совладано на карате, избегнав поголема несреќа – изјави Вотсон.

Биологот Арнолд Постел смета дека малата видливост на водата била причина за нападот.

-Постојат неколку видови на ајкули кои може да се најдат во плитките води – наведува Постел.

Елена Георгиевска