Најмалку едно лице е убиено, а најмалку тројца се ранети во пукотници што се случија утринава во теренската канцеларија на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во Далас, пишува CNN.
Првичните информации укажуваат на можен снајперски напад.
„Прелиминарните информации укажуваат на можен снајпер. Имаме три лица кои моментално се погодени. Тие се пренесени во болница.“ рече одговорниот на Службата.
Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем објави дека осомничениот напаѓач починал од самонанесена прострелна рана.
Според изјавите на двајца припадници на полициските сили запознаени со инцидентот, двајца притвореници биле ранети. Во овој објект вообичаено се сместени вработени во ICE, цивили и имигранти во притвор.
Заменик-директорката на американската Служба за имиграција и царина (ICE), Медисон Шиан, изјави дека пукањето во објектот на ICE во Далас останува „многу флуидна ситуација“ и дека мотивот сè уште е непознат.
„Сведоци сме на голем број напади врз објекти на ICE и ова не е прв пат, дури ни оваа година, објект на ICE да биде нападнат“, изјави таа за Фокс њуз утрово.