Кети Хил (18) и нејзиниот дечко Ерин Ендруз (16) поврзани се на специфичен начин-и двајцата го променија својот пол. Кети првите 15 години од животот ги помина како Лук, син на маринец, додека Ерин, роден како девојче Емералда, се истакнуваше на часовите по балет и натпреварите во убавина.
И двајцата целото детство се бореле со сексуалноста, се додека не почнале хормонска терапија и се запознале во групата за поддршка за промена на полот во Тулса, Оклахома, кога и се заљубиле еден во друг.
„Здогледав симпатично момче. Бевме совршени еден за друг бидејќи и двајцата имавме ист проблем додека не пораснавме. Носиме ист број, така што можевме и да ја менуваме и гардеробата“вели Кети.
Ерон прима тетостерон и сеуште оди во гимназија, додека Кети заврши со хормонската терапија-примаше естроген што и помогнало да и се развијат градите така што не морала да оди на имплантација. Додека била млада, другарите во училиште и се смееле бидејќи како момче имала мали гради како девојче. Таа мисли дека тоа е поради вишокот на ќенски хормон кој го поседувала.
Анонимен донатор бил толку погоден од нејзината приказна, што и платил 40.000 долари за операција за промена на полот, четири дена по нејзиниот 18 ти роденден.
„Уште од својата 3 година сакав да бидам девојче. Се што сакав беше да си играм со кукли. Го мазев своето тело на момче и никогаш не се чувствува добро во него“, раскажува Кети.
Ерин имал слични искуства. Вели дека длабоко во себе знаел дека е машко, и тоа уште од првиот ден на училиште, кога имал пет години.
„Учителката не раздвојуваше на две групи на часот по физичко, на машки и женски, и јас не разбирав зашто ме ставаат во групата со девојчињата. Беше грозно. Бев убаво девојче, ама се однесував и одев како машко. Почнаа да ме викаат лезбејка. Тоа беше толку понижувачки. Почнав да помислувам на самоубиство. Им се доверив на родителите и тие ме одведоа на психолог поради епресија. Но се се измени кога се појави Кети“, вели Ерин.