ВИДЕО: Се обидела да убие бебе, бидејќи личи на нејзината свекрва

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Мајка остави 17-месечно бебе да смрзне во соба, бидејќи и сметало што личи на најзиниот маж и свекрва.

Полицијата ја пронашла малата Изабела Скинер премрзната, заклучена во соба, бидејќи нејзината мајка ја заклучила и пуштила клима.

Изабела поради хипотермија е пренесана во болница во Флорида и нејзината состојба е многу тешка.

Бебето толку многу смрзнало што лекарите не успеале да му ги исправат нозете, кои ги собрало, за да може некако да се затопли.

Според наводите мајката Алиша Скинер (22) бебето го малтретирала и злоставувала со недели, бидејќи бебето наликувало на својот татко, и баба.

Мајката не му ги менувала пелени, ја оставувала без храна, а потоа насилно ја хранела, по што организмот на бебето лошо реагирал.

Во станот во кој живееле, пронајдени се шишиња со млеко, во кои имало и црви, бидејќи мајката не водела никаква грижа.

Мажот кој доаѓал во нејзината куќа на обвинителот му рекол дека Скинер само еднаш го изнела бебето од собата.

Бебето како што тврдат не смеело ниту да се игра. Мајка и во нејзината соба влегувала само кога плаче.

Бабата Ронда Мејсер потврди дека бебето личи на неа и дека тоа на снаата многу и пречи.
-Личи на мене и на мојот син. Тоа е причината поради која Алиша го направи ова -изјави Мејсер која со синот се бори за старателство над детето.