(ВИДЕО) Руски гувернер: Двајца мртви, петмина повредени во украински напад врз Белгород

Од:

Во украински ракетен напад во рускиот град Белгород во близина на границата загинаа две лица, а петмина беа повредени, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Во видео објавено на Телеграм, Гладков рече дека мажите кои загинале ги обновувале оштетените мрежи за греење и електрична енергија во градот.

Реконструкцијата ќе продолжи во сабота бидејќи било премногу опасно да се работи ноќе, рече Гладков.

Тој претходно изјави дека нападот предизвикал сериозна штета на енергетските постројки и дека снабдувањето со електрична енергија, греење и вода било прекинато. Три станбени згради во градот претрпеле штета.

Неофицијалниот канал на Телеграм SHOT објави дека жителите пријавиле серија гласни експлозии во градот и дека воздушната одбрана е во функција.

Белгород, кој се наоѓа на околу 40 км од границата, често е цел на напади од страна на украинските сили.

Би можело да ве интересира

Русите фрлија бомба врз Славјанск, убија мајка и ќерка

А1он

По четири години конечно слободни – украински затвореници се вратија дома

А1он

Преговорите меѓу Украина и Русија во Абу Даби завршија без договор

А1он

Американците со итно предупредување: Наскоро е можен масовен напад врз Украина

А1он

Валентина Матвиенко: Зеленски зборува за избори за да го одложи мировниот договор

А1он

Украинските сили тврдат дека оштетиja руски воени објекти на Крим

А1он