Мартин Линднер, германски политичар оваа недела во емисијата “Stuckrad Late Night”, која се емитува во доцните вечерна часови, запали џоинт.
Откако водителот му понуди подготвена марихуана за пушење, потпретседателот на парламентарната група на на ФДП во Бундестагот, на изненадување на домаќинот, ја прифати.
Емисијата се емитуваше во живо, а продуцентот на шоуто потврди дека се работело за вистински канабис, иако ни тие не претпоставувале дека Линднер ќе ја прифати понудата. Тој пак за „Билд“ изјави дека „повлекол еднаш за да докаже дека се работи за провокација на водителот“ и дека после тоа не се чувствувал „напушено“.