(ВИДЕО) Парада на близнаци во Охајо

Од:

Неколку стотици близнаци учествуваа на традиционалната парада по повод денот на близнаците во градот Твинсбург, Охајо.

На улиците продефилираа идентични браќа и сестри од сите возрасти од 10-ина земји, меѓу кои и од Италија, Канада, Индија и други земји.

Станува збор за најголемиот фестивал посветен на близнаците во светот, кој се одржува по 42 пат. На него имаше учесници буквално од сите возрасти.