(ВИДЕО) Нападната е зградата на иранска новинска агенција

Од:

Израелската војска ги повика жителите на третиот округ во Техеран да се евакуираат, бидејќи Израел планира да започне воздушни напади во областа.

„Драги граѓани, за ваша безбедност, ве молиме веднаш да ја напуштите горенаведената област. Во наредните часови, израелската војска ќе интервенира во оваа област за да ја нападне воената инфраструктура на иранскиот режим, како што направи во последните денови околу Техеран. Вашето присуство во оваа област го става вашиот живот во опасност“, соопшти израелската војска на својот профил на X.

Набргу потоа, беше објавено видео од израелски напад врз зградата на иранската новинска агенција.

Видеото јасно го прикажува моментот на ударот.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека иранската новинска агенција IRIB е „на работ на истребување“ откако војската повика на евакуација.

„Евакуацијата на околните жители започна“, рече Кац, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Иран објави прекин на огнот по 12 дена

А1он

Млад израелски војник е убиен во ирански напад

А1он

Итен состанок со Путин; иранскиот министер за надворешни работи оди во Москва

Израел уби командант на Кудс силите во Иран

А1он

Иран и Израел почнаа нови напади – 52 американски авиони полетаа кон Блискиот Исток

А1он

(ВИДЕО) Репортер на CNN влезе во зградата на иранската телевизија која ја погодија израелски ракети: „Сè е уништено“

А1он