(ВИДЕО) Најмалку петмина загинати во пукање во училиште во Висконсин

Од:

Најмалку пет лица загинаа денеска во престрелка во Медисон, во американската сојузна држава Висконсин. Осомничениот за пукањето е меѓу убиените, а најмалку пет други се ранети, соопштија властите.

Пукањето се случило во Христијанското училиште „Бандант Лајф“, приватна институција во која учат околу 400 ученици, почнувајќи од градинка до 12-то одделение, соопшти полицискиот оддел на Медисон на социјалните мрежи, пренесе Ројтерс.

Шефот на полицијата во Медисон, Шон Барнс, за време на прес-конференција рече дека најмалку пет лица се убиени, вклучувајќи го и осомничениот, кој беше идентификуван како малолетник, кој полицијата го пронашла мртов кога полицајците пристигнале во училиштето.

Барнс рече дека најмалку пет лица биле пренесени во локалните болници.

Видеото од местото на настанот објавено на социјалните мрежи ја покажува итната реакција, вклучувајќи на полицијата, брза помош и противпожарни возила.

Контролата на оружјето и безбедноста на училиштата станаа главно политичко и социјално прашање во САД, каде што бројот на престрелки во училиштата се зголеми во последниве години.

Оваа година имало 322 престрелки во училиштата во САД, според веб-страницата K-12 School Shooting Database.

Тоа е втор највисок вкупен број од 1966 година, според базата на податоци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Масивен верижен судир на стотина возила во САД, опожарени повеќе камиони

А1он