(ВИДЕО) Марш од овде! Напад на доселеник во трамвај во Манчестер

Од:

Сцените на ксенофобија и нетрпеливост почнаа да се случуваат секој ден низ британските градови по Брегзит. На интернет се појави видео снимка на која изутринава во трамвајот во Манчестер, неколку млади Англичани, го навредуваат и напаѓѓат патникот кој не е со потекло од нивната земја.

Треба да ве депортираат! Вие сте глупаци! Марш надвор од трамвајот, еб.. мал доселенику, викаше бесниот Британец, додека еден од патниците ја снимаше целата сцена.

Кога човекот му возврати со прашање колку години има и дека тој е подолго време во Британија од нив, момчињата се свртија кон него и го удрија во главата, по што излегоа од трамвајот.

Ова е само една од бројните непријатности со кои во последниве денови се соочуваат доселениците во Велика Британија. Полјаците први станаа мета. На продавниците кои ги поседуваат во Англија веќе има графити како: “Губете се од овде полски ѓубриња“.

Неодамна и Хрватка беше жртва на расистички напад додека шеташе по улица држејќи го своеото шестгодишно дете за рака.