Медицинскиот персонал, пациентите и луѓето евакуирани во најголемта болница во Газа Ал-Шифа се евакуираат откако израелската армија им даде еден час да го напуштат комплекост.
Во болницата остануваат пациентите кои не можат да се движат.
After giving an hour's notice to evacuate Al-Shifa Hospital, now the doctors and some patients are leaving the hospital, leaving behind some patients who are unable to walk or move. pic.twitter.com/ZPNsO8g2sm
— Gaza Notifications (@gazanotice) November 18, 2023
Кога утрово, израелската војска го објави повикот реагираа голем дел медицински организации кои немаат контакт со болницата, но велат тие немаат амбулантни возила за да ги евакуираат предвереме родените бебиња и тешко болните пациенти.
Пред два дена, израелската војска влезе во болницата, објави снимка од наводно пронајдено оружје, но не успеа да покаже дека болницата е поврзана со тунелите на Хамас, ниту пак ги пронајден киднапираните Израелци за кои тврдеше дека се под Ал-Шифа.