ВИДЕО: Камион полн со плински боци експлодираше 39 пати

Од:

Бизарен инцидент се случи во Русија во кој камион полн со плински боци се запали на автопат и експлодираше неверојатни 39 пати.

Од жестоки експлозии бегаат сите сведоци кои застанаа да видат и да снимат што се случува на местото на несреќата.

Снимката е поставена на YouTube, но без никаков дополнителен опис, околу тоа каде точно се случил инцидентот и дали и колку има загинати или повредени.