ВИДЕО: Како се „полага” возачки испит во Белгија додека пишувате порака на мобилен

Од:

Со намера да спречат сообраќајни несреќи кои луѓето ги предизвикуваат додека во текот на возењето пишуваат пораки на мобилен телефон,во Белгија се досетија како на најдобар можен начин да ги одвикнат младите возачи од оваа опасна навика.

Непрофитната организација под името “Одговорни млади возачи”инсценираше ситуации во едно авто- школо каде на возачите при полагањето им наложи дека еден од главните услови за поминување на тестот е истовремено да умеат да возат и да пишуваат СМС пораки.

Малку е да се каже дека повеќето возачи кои полагаа ваков тест набрзо сфатија дека истовременото допишуванје со мобилен телефон и возењето автомобил е многу опасна комбинација,која лесно може да доведе до фатален крај.

Имаше многу излетувања од предвидената патека,рушење на чунови,додека инструкторот по возење едвај успева да се задржи на своето седиште,а ладна пот ги облива кандидатита кои после целата тортура се колнат дека пишување на СМС пораки во автомобил никогаш повеќе нема да им падне на памет.