ВИДЕО: Израел погоди училиште во Газа, најмалку 20 мртви, десетици ранети

Од:

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се ранети по израелски напад врз училиште во кое се сместени раселените лица во Газа, изјавија локалните здравствени власти за Ројтерс рано утрово.

Лекарите рекоа дека меѓу десетици жртви во нападот на училиштето, во населбата Дарај во градот Газа, има жени и деца.

Некои од телата биле тешко изгорени, според сликите кои кружат на социјалните мрежи, а кои Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди.

Израелската војска веднаш не коментираше.