Бомбаш самоубиец активирал експлозив во близина на влезот на руската амбасада во Кабул, соопшти полицијата, додавајќи дека напаѓачот бил застрелан од вооружени чувари додека се приближувал до капијата.
„Пред да стигне до целта, напаѓачот самоубиец бил препознаен и застрелан од чуварите на руската амбасада. Засега нема информации за жртви“, изјави за Ројтерс Мавлај Сабир, шеф на полицискиот округ каде се случи нападот.
Explosion at Russian embassy on Dar-ul-Uman street in Kabul. Reportedly some 20+ killed. pic.twitter.com/NYSmTxPATm
— Dr.Snekotron (@snekotron) September 5, 2022
Од друга страна, руската агенција РИА Новости тврди дека во експлозијата се повредени двајца Руси – дипломат и чувар на амбасадата.
„Од 15 до 20 луѓе загинаа или се повредени во експлозијата“, рече тој.
The video after the explosion near the embassy of Russia in Kabul which took place today.
So far no one or group has claimed the responsibility.#aamajnews pic.twitter.com/4rH1Dnu4hZ
— Aamaj News English (@aamajnews_EN) September 5, 2022
Русија е една од ретките земји која има амбасада во Кабул откако Талибанците ја презедоа земјата пред повеќе од една година. Иако Москва официјално не ја признава талибанската влада, тие разговараат со официјални лица за договор за снабдување со бензин и други стоки.