(ВИДЕО) Австралиски рибар улови „праисториско морско суштество“

Од:

Австралискиот рибар Дејвид Гилот бил шолиран откако уловил редок вид на ајкула, која имала 25 редови остри заби и шест пара шкрги, објави „Индепендент“.

Суштеството, кое вообичаено живее на големи длабочини во водите на Тихиот и Атлантскиот Океан, Гилот го уловил на 700 метри под површината на Пацификот, во близина на брегот на австралиската сојузна држава Викторија.

Овој вид на ајкула, познат уште како и „жив фосил“, е потомок на праисторските морски суштества кои живееле уште пред 80 милиони години. Таа се храни со риби и мекотелни животни и има растеглива вилица со над 300 заби, кои потсетуваат на игли, така што пленот нема шанси да побегне ако се најде во нејзината уста.

Гилот изјави дека бил престрашен од неговиот улов, бидејќи ајкулата потсетувала на праисториско суштетсво што наликува на јагула.