Уште една зграда се урна во Мумбаи

Од:

Во уривањето на трикатната зграда во Тан, Мумбаи утрово загинаа најмалку шест лица, а три се повредени, соопштија официјални лица од полицијата.

Спасувачките екипи се во потрага по три лица за кои се стравува дека се заробени во рушевините, пренесе „Асошиејтед прес“. Причината за уривањето се уште не е позната.

Уривањето на зградите во Индија се случува многу често, бидејќи градежниците употребуваат лош материјал и повеќекатниците се градат без соодветен надзор.

Пред само десет дена во Мумбаи се урна зграда и тогаш десет лица ги изгубија животите.

Во април 74 лица загинаа кога се урна осумкатна зграда која нелегално беше изградена во Тан.

Елена Георгиевска